Компјутер со вештачка интелигенција (ВИ) за следната генерација автомобили подготвува шведската компанија Волво заедно со Нвидиа (Nvidia). Базиран на технологијата „Nvidia Drive AGX Xavier“, компјутерот ќе им овозможи на Волво да имплементира ВИ во идната автомобилска платформа Scalable Product Architecture 2 (SPA 2).
Социjалната мрежа „Гугл плус“ ќе биде ставена вон функција, откако во март беше откриена аномалија, што можеби ги изложила на опасност личните податоци на скоро половина милион корисници, соопшти компанијата на својот блог.
Со претстојната транзиција кон мобилни мрежи од петта генерација (5G) за Епл ќе стане тешко да ја задржи сегашната ценовна стратегија за своите паметни телефони, објави тајванското издание ДигиТајмс, повикувајќи се на извори од индустријата.
Ел Џи (LG) официјално ги објави финансиските резултати за последниот квартал, кој заврши на 30 септември, кои се причина за задоволство на инвеститорите.
Јапонската технолошка компанија Нинтендо следната година планира да лансира нова верзија на својата конзола Свич, за да се задржи моментумот, кој го обзбеди со продажбата на уредот, објави „Волстрит џурнал“.
ХМД Глобал денеска во Лондон,го презентираше наследникот на Нокиа 7 - Нокиа 7.1.
Компанија ЛГ го претстави својот нов паметен телефон В40 ТинКју, кој се карактеризира со голем дисплеј и пет камери.
Само неколку дена откако творците на Инстграм ја напуштија компанијата, нејзиниот сопственик „Фејсбук“ за нов менеџер го постави Адам Мосери.
„ХП Спектар Фолио“ е луксузен уред од атрактивното портфолио на хибриди - меѓу лаптоп и таблет, на компанијата „Хјулид Пакард“ (ХП).
На отворањето на Авто-саемот во Париз, „Рено“ го претставиконцептот на целосно електричен кросовер наречен К-ЗЕ.