Оценката на економската успешност е комплес на бројки што треба да се гледаат интегрално. Успешноста не се мери само по еден параметар, туку по цел сет параметри и затоа очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години и да има раст над 3,5 проценти и поголем, при „0“ задолжување од државата или многу мало задолжување, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев
Владата денеска ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе ја разгледа информациајта за склучување договор со Република Грција за изградба на интерконективен гасовод меѓу двете држави
Градежната дејност е од непроценливо значење за развојот на секоја економија. Градежништвото учествува со преку 30 проценти во Бруто домашниот производ, вработува над 40 илјади работници, а поддржува уште 36 други стопански гранки
Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со Еуромакс рисурсис за рудникот „Иловица“ и за неа ќе следи владина процедура, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Најголем проблем со кој се соочува регионот е миграцијата на работната сила, па затоа е важно да се најде начин да бидат задржани работниците, вели македонскиот бизнисмен и претседател на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“, Светозар Јаневски за српската агенција БЕТА
Откупот на пиперката „куртовска капија“ се одвива без проблем, цената е на ниво од минатата година, се пласира најмногу на европските пазари и се очекува откупот да заврши за 10 дена
Напредокот во осигурителната технологија може да донесе профит и придобивки за сите во македонската осигурителната индустрија, порача Кофи Бенделак, главен извршен директор на „Insurtech Israel“ на конференцијата посветена на дигитализација во осигурителниот сектор „INSURTECH Skopje 2019“ што денеска се одржа во Стопанската комора на Македонија во коорганизација на Агенцијата за супервизија на осигуривањето
Преку партнерство и јасна стратегија може да се надминат предизвиците како неадекватноста на пазарот на трудот, неформалната економија и подобрување на деловното окружување, со кои се соочуваат сите земји од регионот
Вчера заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ што се спроведува согласно Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица
Кај депозитите каматните стапки не забележуваат промена на месечно ниво, но има пад од 0,04 процентни поени на годишно ниво