Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0,2 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Околу 550 илјади евра беа доделени денеска на 12 субјекти од земјите од Западен Балкан, меѓу кои и од Македонија, за развој на културолошкиот и авантуристичкиот туризам на Западен Балкан.
Потребни се структурни реформи за зголемување на потенцијалот за раст на брзорастечките и растечките економии во Европа , оцени гувернерката на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Анита Ангеловска Бежоска при учеството на претставувањето на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што се одржа вчера во Копенхаген.
Македонската банкарска асоцијација бара одложување на оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ.
Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес неделава почна аплицирањето на лозарите од велешкиот поширок регион за добивање субвенција, 1 денар по килограм за предадено грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“, исклучиво во регистрирани Винарски визби.
Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,1 отсто, прогнозира Европската комисија во есенскиот извештај за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати.
Регионалната комора со седиште во Кавадарци ќе одржи работна средба во хотелот „Фени“ каде ќе се расправа за перспективите на локалната економија согласно моменталната состојба, проблемите и предизвиците.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја почне расправата по дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2018 година, што Владата го усвои на 5-ти овој месец вклучувајќи ги осумте амандмани прифатени при расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Реформата, како што појасни, треба да опфати 25 милиони евра што се помалку од еден процент од Буџетот на Република Македонија.
Повеќе од 75 говорници, врвни имиња од глобалниот бизнис, над 2500 посетитиели присуствуваат на седмото дводневно издание на Самитот Македонија2025.