Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). За неа гласаа 81 пратеник, воздржани и против немаше.
Поттикнување и финансиска поддршка на социјални иновации е новата програма во функционирањето на Фондот за иновации и технолошки развој и на Владата и институциите.
Македонско-Германското стопанско здружение со зачленети 201 компанија и понатаму останува најголемо билатерално стопанско здружение во земјата.
Од денеска почнува изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри. Градбата ќе почне на потегот клучка Штип југ-Бучин. Се апелира до возачите на внимателно управување и да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.
Јавна дебата „Економски разговори - јавните финансии на крстопат“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Економски факултет –Скопје.
На малите и средни претпријатија до крајот на годината ќе им бидат на располагање 136 милиони евра, средства обезбедени преку Евопската инвестициска банка, ЕБОР и од ЕУ инвестициски грантови.
Истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска.
Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред, оценил премиерот Зоран Заев, при вчерашната заедничка посета со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на компанијата „Подгорка“ во Струга.
Стечајниот управник на „Фени Индустри“ Мирослав Анастасиевски ги отфрли како паушални информациите изнесени од Слаѓана Тасева на нејзината прес-конференција и кои служат единствено за дефокусирање од фактичката состојба.
Македонија, Србија и Црна Гора ќе соработуваат во привлекувањето туристи, особено од далечните дестинации и ќе се обидат подолго време да ги задржат во регионот преку нудење заеднички туристички производи со понуди на тури за истовремена посета на трите земји.