Европската банка за обнова и развој ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани. Ова го најави министерот за фианнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.
Владата одлучи да го продолжи рокот за донесување решенија за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи
Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, учествуваше на Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско - Јонската Иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско - Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва, на 8 мај 2019 година
Новата четиригодишна стратегија за соработка со Европската банка за обнова и развој ќе се усвои до крај на мај, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Сараево.
Царинските службеници ќе спречуваат криминал со нова софистицирана опрема за пребарување возила, донирана од Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство.
Десет медиумски куќи, 10 тур-оператори и седум претставици на Кроациа Ерлајнс, во наредните три дена ќе бидат на информативно патување низ државава, период во кој ќе снимаат репортажи на повеќе туристички локации и ќе се остварат бизнис средби со македонскиот приватен туристички сектор и да се запознаат со македонската туристичка понуда.
Зголемување на инвестициите и раст од три отсто годинава и во наредната 2020 година, предвидува за земјава Европската банка за обнова и развој во извештајот за перспективите на економиите на државите од Западен Балкан.
На 130 компании на ниво на Град Скопје им се потребни 874 квалификувани работници од машинската и електро струката, а само во Општина Гази Баба 409 млади до 29-годишна возраст се без работа.
Во конкуренција на финалисти од дваесет и осум европски земји, претставниците на Северна Македонија, младите велешани Викторија Панова и Марко Инѓилизов, го освоија второто место на финалето на Европскиот квиз на парите што се одржа вчера во Брисел, Белгија, соопшти Народната банка на Република Северна Македонија.
Заев и Тевдовски ги оценуваат средбите како одлична можност за поврзување и претставување на инвестициските можности во земјава, како и за дискутирање за тековни и идни проекти поддржани од Европската банка за обнова и развој.