Во Република Македонија од денеска во промет влегуваат новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари. Со тоа книжните банкноти од 10 и 50 денари престануваат да бидат законско средства за плаќање и ќе може да се заменат само во комерцијалните банки.
Во март годинава се издадени 211 одобренија за градење, што е за 45,1 процент помалку во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Николовски нагласи дека преку програмите за поддршка во земјоделството, Министертсвото продолжува да вложува во развој на свињарството, во зголемување на производството, конкурентноста и прилагодувањето кон европските регулативи.
Поголема заштита на потрошувачите и корисниците на системите за пренос и дистрибуција на енеријата овозможува усвоениот амандман на денешната седницата на собраниската Комисија за економски прашања.
Почна изградбата на делницата Градско-Дреново, која е втора од вкупно планираните три фази за изградба на експресниот пат Градско - Прилеп. Новата делница е во должина од 16 километри, со инвестиција од 23 милиони евра, обезбедени од фондовите на ЕУ.
Јапонски тур-оператори оваа недела ќе престојуваат во Македонија за да се запознаат со туристичките содржини и производи кои ги има земјава, а се атрактивни за јапонскиот туристички пазар.
На средбата, како што соопшти владината прес служба, било посочено на тековни проекти кои се реализираат од КфВ банката во Македонија како водоводни системи, пречистителни станици, обновливи извори на енергија, како и други инфраструктурни проекти.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена денеска, цената на Еуросупер БС - 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари.
Интензивирање на соработката меѓу науката и стопанството, ќе биде во фокусот на годинашниот меѓународен металуршки конгрес што ќе се одржи од 30 мај до 3 јуни во Охрид.
И покрај позитивниот глобален тренд во металургијата посебно од почетокот на 2017 година, кај нас состојбите во физичкиот обем на производство се неповолни, оцени денеска Стопанската комора на Македонија.