Бруто надворешниот долг на крајот на 2018 година се намали за 489 милиони евра и изнесува 7.908 милиони евра или 73,7 отсто од БДП, објави Народната банка.
Заев притоа посочи дека идниот развој на Берзата и на пазарот на капитал мора да бидат заедничка цел, оттаму што се работи за важен сегмент што придонесува за развој на економијата во целина, за јакнење на приватниот сектор и отворање на нови работни места.
Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера учествуваше и имаше свое обраќање на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, на која беа прогласени 10 најсупешни жени менаџерки за 2018 година.
По 23-ти пат во Скопје синоќа беа прогласени 10-те најуспешни менаџерки за 2018 година. Изборот традиционално го организира агенцијата „Марили“, а годинашниот се одржа под покровителство на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Министерот за странски инвестиции Елвин Хасан кој престојува во работна посета на Република Турција, пред Стопанската комора на Истанбул ги презентираше владините мерки и политики кои им обезбедуваат поддршка на странски компаниите во земјава за реализација на успешен бизнис.
Претставници на Владата, на Делегацијата на ЕУ, на ЕБОР и неклку банки од земјава, денеска ќе го означат почетокот на Програмата за поддршка на конкурентностa на малите и средните претпријатија.
Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани бележи раст од 7,3 отсто, додека за двата месеца од годинава во однос на двата месеца лани раст од 9,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Дваесетта годишна конференција на Македонската берза ќе се одржи денеска во Охрид.
Премиерот Зоран Заев ги повика банките да преземат похрабри одлуки и да придонесат повеќе за поддршка на економијата и севкупниот развој. Да преземат похрабри чекори во делот на паѓање на каматите, намалување на провизиите и флексибилност во одобрување на кредитите
Подеднакво признавање на лиценца, поседување документ за идентификација и поголема градска контрола се клучните барања на Синдикатот за транспорт и врски (СТВ) при Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС)