Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС денеска издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.
Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.
Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ќе потпишат меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија.
„Предизвици на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време“ е тема на форумот што денеска ќе се одржи во Скопје.
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи шестата седница.
Конститутивна седница на секторката работна група за локален и регионален развој во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската унија ќе се одржи денеска во Скопје.
Владата на денешната седница го прифати усогласениот текст на Договорот за намалување на цените на услугите за роаминг во мрежите за јавни мобилни комуникации во регионот на Западен Балкан
Сите компании што оставруваат пораст на приходите од вкупното работење, а се од дејноста трговија, ИТ технологии или секундарно земјоделско приоизводство ќе може да аплицираат во системот на државна поддршка на инвестициите
Невработеноста во земјите од Западен Балкан се намалува и достигна историски најниско ниво во најголем дел од земјите. Стапките на невработеност во земјите се движат од околу 12 отсто во Србија и Албанија до 29 проценти во Косово. Македонија го зголеми бројот на работни места за 2,1 отсто, но се забележува дека неформалното вработување е зголемено
Проширување на опфатот на компаниите и поедноставување на постапката за аплицирање е целта на предлог измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Оваа година предвидени се и 47 проценти повеќе средства од лани во буџетот на државата или над четири милијарди денари.