Усогласувањето на пензиите со трошоците на живот двапати годишно обезбедува постојан раст. За да не мора да ја поместиме старосната граница за пензионирање на 67 и за да не ги замрзнеме пензиите избравме средна варијанта која значи раст во континуитет дури и дополнително зголемување од четири проценти доколку расте економијата.
Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот лани биле опфатени 6374 лица. Реализирани се 95 проценти од планот, а за неговото спроведување се потрошени приближно милијарда денари.
Навремен и неселективен поврат на ДДВ преку модул за автоматски поврат, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи. Министерството за финансии заедно со УЈП и Царинската управа минатата година работеше на дигитализација на процесите сѐ со цел подобрување на услугите за граѓаните и фирмите.
Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до 25 јануари ќе бидат дел од годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, на кој учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот.
Во рамки на форумот, што се одржа од 21 до 22 јануари, беше отворена регионална канцеларија на оваа светска организација во Хрватска, која воедно е прва канцеларија во регионот на Југоисточна Европа.
Македонската економија годинава ќе забележи раст од три проценти, се најавува во најновиот извештај на ОН за ситуацијата и перспективите на светската економија во 2019 година.
Фондот за иновации и технолошки развој денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе ги презентира резултатите од спроведените проекти избрани на јавниот повик за финансирање проекти за намалување на загаденоста на воздухот „О2 ПРЕДИЗВИК“.
Владата ја донесе Програмата за економски реформи за периодот од 2019 до 2021 година во која се вклучени и 18 секторски структурни реформи за зголемување на конкуретноста и растот на економијата.
Лозарите најавуваат штрајк ако не им се плати грозјето предадено во 2015 година. Во изјава за МИА, денеска тие нагласија дека ќе го бојкотираат дури и празникот на лозаропроизводителите „Свети Трифун“ кој се смета за нивни заштитник, ако не ги добијат парите.
Земјоделците од поширокиот кумановски регион се заинтересирани за Програмата за користење на средствата од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија (ИПАРД) за периодот 2014-2020, сооопштија денеска надлежните од подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.