Трет ден пратениците расправаат по дополнетиот Предлог на Буџет за 2019 година, кој за мнозинството е развоен и во интерес на граѓаните, а за опозицијата нереален и не обезбедува пари за граѓаните.
Градежната комора на Македонија, Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, Општина Центар, Стопанската комора на Северозападна Македонија и останати релевантните чинители од секторот во Сојуз на стопански комори на Македонија на највисоко ниво дискутираа за актуелната состојба во градежништвото.
Пет плански региони ќе добијат средства во вкупен износ од 30 милиони денари преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој.
Вчера попладне министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари работна средба со менаџментот на копманијата ДММ Дрекселмаер Мануфактуринг предводен од директорот Лукас Мурингер.
Заклучно со 30.9.2018 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 16 друштва за осигурување, од кои 11 друштва вршат работи на неживотно осигурување, додека 5 осигурување на живот.
Во Владата на Република Македонија денеска се одржа втората седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, што произлезе како резултат на склучениот меморандум за соработка помеѓу Владата и најголемите четири стопански комори – Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.
Состанокот го водеше ресорниот министер Љупчо Николовски, а присуствуваа претставници од лозаро-винарскиот сектор, винарски визби и здруженија на производители на вино, здруженија на лозари и производители на грозје, Националната федерација на фармери и здруженија на физички лица производители на грозје.
Во Собранието денеска втор ден се расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година. Мнозинството и денеска со поддршка за предлогот кој е фокусиран на граѓаните и нивните интереси и потреби. Опозицијата со забелешки дека е со нереални проекции и дека нема интерес за дебатата.
Министерството за култура информира дека до март 2019 година ќе спроведе нивелација на платите во културата по дејности, појаснувајќи дека причината е во тоа што што подолг период е присутен проблемот на неправилности и нелогичности во висината на бруто коефициентите за пресметка на платата, односно за исто работно место во две институции има различен бруто коефициент за пресметка на плата.
Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), денеска вработи шест стипендисти – електроинженери кои покажаа најдобри резултати на тестирањата на последниот оглас за вработување.