„Инвестициските политики во фокус на РИРА агендата за Западен Балкан“ е темата на форумот што денеска го организира Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
Парламентарниот пленум на Енергетската заедница денеска ќе одржи состанок во Собранието на Република Македонија.
Во Собранието од денеска почнува расправата по Предлог-буџетот на Република Македонија за 2019 година, кој е на дневен ред во матичната Комисија за финансирање и буџет.
Македонија ќе достави иницијатива да биде домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи” следната година.
Информација за потребата од склучување договор за грант во износ од 70 милиони евра за изградба и реконструција на втората делница од пругата кон Бугарија на потегот Бељаковце – Крива Паланка е усвоена на денешната седница на Владата.
Приватниот научен Институт ИЕГЕ објавува повик за учество во професионална европска едукативна програма за „Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови”.
До 30 ноември годинава сите млади луѓе на возраст од 19 до 29 години што сакаат да почнат сопствен бизнис, можат да аплицираат на повикот што го објави Агенцијата за млади и спорт (АМС). Условот е да достават бизнис план со што стануваат потенцијални добитници на поддршка од 440.000 денари.
Управата за јавни приходи, како институција е подготвена за примената на новиот прогресивен данок, истакна при денешната посета директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Предлог-законот за данок на личен доход влезе во собраниска процедура пред истекот на рокот за забелешки на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на РМ). Бизнис заедницата денеска остро реагира дека не само што не се послушани нивните аргументи против новите даночни решенија, туку не е испочитуван и рокот за доставување на забелешките.
Фискалната транспарентност за само една година е значително подобрена. Граѓаните и компаниите имаат увид во трошењето на средствата, а направени се и пет системски реформи. Ова го истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на министерската конференција во Виена на тема „Финансиското информирање како катализатор за интеграција“.