Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе биде презентиран предлог протоколот за постапување при проценка на ризик за компании апликанти од аспект на поврзаност со носители на јавни функции и нивно влијание, со цел да се постави системско решение кое ќе се применува при аплицирање за сите инструменти за финансиска поддршка на ФИТР.
Македонија напредува, интеграциите се извесни, а Дуинг бизнис ја рангираше земјава на високо 10. место во светот според услови за водење бизнис во конкуренција од 190 земји.
Со зимскиот распоред на летање што стапи во сила на Меѓународниот аеродром Скопје функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации што се опслужени од 13 авиокомпании, информираат за МИА од ТАВ Македонија, концесионерот на македонските аеродроми.
Субвенциите од еден денар за откупен килограм винско грозје од годинашната берба, Владата ќе им ги исплати на лозарите најдоцна до средината на февруари 2019-та, односно до празникот Свети Трифун кога се закројува лозјето.
Нема да зборувам што затекнавме ама ќе одговорам на прашањата и критиките што ги добивам од опозицијата, му одговори премиерот Зоран Заев на пратеничкото прашање на Влатко Ѓорчев.
Според извештајот Македонија е на трето место по спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор во однос на деветте земји што се споредуваат.
Новото решение е донесено откако Апелацискиот суд ги прифатил жалбите доставени од доверителите Акрон од Белизе, Кунико Маркетинг ФЗЕ од Дубаи, Кунико Ресурсис од Холандија и Друштвото за транспорт и услуги ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје.
ГСОЛ/Еуроникел до Основниот суд Велес достави ревидиран план за реорганизација на ФЕНИ Индустри и најавува дека веднаш по прифаќањето на планот за реорганизација ќе почне со спроведувањето на инвестициските планови.
Македонија го подобри рангирањето за една позиција во извештајот на „Дуинг бизнис“ на Светска банка што денеска беше објавен. Министерот за финансии Драган Тевдовски истакнува дека како земја е важно дека сме високо рангирани и оти Македонија не назадува како што вели опозицијата.
Вкупната надворешно-трговска размена на Србија за периодот јануари-септември 2018 година изнесува 33.525,4 милиони долари, што е зголемување од 18,7 отсто во однос на истиот период од претходната година или во евра 28062,4 милиони евра што е зголемување од 10,5 отсто споредено со истиот период од претходната година.