На Економскиот факултет на УКИМ денеска ќе се одржи презентација на инструментот и критериумите и условите за аплицирање во рамки на новиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој од еден милион евра финансиска поддршка на новоосновани „стартап“ и „спиноф“ компании.
Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до среда ќе присуствува на Светскиот инвестициски форум што ќе се одржува во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Женева.
Откупувачите на сливи и преработувачи на пченица од денеска до 25 декември ќе може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од домашно производство од годинашната реколта.
На охридско-струшкиот регион потребна му е голема конгресна сала што ќе ја зголеми понудата за семинарски туризам, смета претседателот на здружението на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.
Досега нема направено речиси никаков исчекор во оваа насока. Од 600 регистрирани компании за он-лајн продажба, квалитетни се само пет. Но, дигитализацијата не подразбира само отворање веб страници и овозможување електронско купување, туку значи примена на најсовремените ИТ решенија во целокупниот технолошки процес на фирмите, како и промена во размислувањето на нивните вработени.
Мотивирање на средношколците да отворат сопствен бизнис позициониран за освојување на странски пазари и да генерираат вработување, за себе и за другите. Ова е целта на денешната панел дискусија „Од идеја до странски пазар“.
Во насока на зголемување на органското производство, наскоро ќе биде објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска во Штип изјави дека Владата презема низа мерки за да му помогне на приватниот сектор.
Мотивирање на средношколците да отворат сопствен бизнис позициониран за освојување на странски пазари и да генерираат вработување, за себе и за другите. Ова е целта на денешната панел дискусија „Од идеја до странски пазар“ во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Институтот за претприемништво и лидерски развој при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.
И по десет години од почетокот на глобалната криза, проблемот на нефункционалните кредити се уште има големо значење во глобални рамки.