Очекувањата на раководителите на компаниите од областа на градежништвото за вкупните порачки (договори) за градежните работи се понеповолни во третото тримесечје, а се очекува и намалување на бројот на вработени.
Од 24 до 28 овој месец ќе се одржи 15. Меѓународен саем за градежништво и 8. Саем на недвижности и инвестиции - Realexpo. Во истиот период ќе се одржи и Технома 2018.
Експерти и професори од САД и Европа со меѓународно искуство во областа на иновациите, претприемништво, развој на нови бизниси, маркетинг, продажба и пласирање на производи ја водат дводневната работилница која се реализира во соработка и со поддршка од „Швајцарската програма за претприемништво“, финансирана од Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија.
Реформите што се прават во социјалната сфера за намалување и искоренување на сиромаштијата треба да бидат темелни и одржливи, направени согласно барањата и потребите на сиромашните или лицата во ризик од сиромаштија. Тие треба да добиваат повеќе средства за помош и поддршка, но и да се интегрираат во општеството и пазарот на труд. Само така ќе се овозможи тие да излезат од состојбата во која се нашле.
Во организација на Управата за јавните приходи денеска и утре ќе се одржи состанок на националните координатори на Програмата на ЕУ „Фискалис 2020“, на кој ќе присуствуваат 33 учесника од 31 земји членки на ЕУ и земји кандидати за членство во ЕУ, како и двајца претставници од Директоратот за Царина и оданочување ( DG TAXUD) при Европската комисија.
Запознавање со работата и состојбите во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) - Тетово беше главната цел на денешната прва посета и средба на министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бардиљ Даути со дел од раководтсвото на ТИРЗ Тетово предводено од директорот Арбен Халили.
Сите единици на локалната самоуправа од денеска до 17 ноември ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка од Програмата за рурален развој поточно за „Мерката 124 Инвестиции во инфраструктурата за пристап до земјоделското земјиште“, поточно реконструкција или пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште.
Владата на својата вчерашна седница донесе Одлука за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии што ќе се искористат за финансирање на проекти од областа на наводнувањето, што ги спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Министерството за транспорт и врски повторно го поништи јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании кој што беше објавен на 13 септември годинава.
Македонија е рангирана на 84. место во Извештајот за глобалната конкурентност што го изработува Светскиот економски форум.