На 25 септември во Скопје се одржа настанот Womenpreneurs Speak кој има за цел да ги слави и сподели успешните приказни за инсиративните жени во бизнисот.
За Централниот регистар на Република Македонија постапката за вработување е целосно транспарентна и спроведена согласно Законот за Централен регистар, сите позитивни законски норми и општи акти на Централен регистар, како и согласно Колективниот договор склучен помеѓу директор на Централен регистар и претседателот на Синдикалната организација на ЦР.
Во Народната банка на Република Македонија денска се одржа 30-тата сесија на Клубот на истражувачи, на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска од Пробиштип соопшти дека утре Платежната агенција ќе го најави вториот повик од ИПАРД 2 Програмата за двете мерки: Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства и Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и маркетинг.
Тековни и планирани инвестиции во општина Валандово беа тема на денешната средба на министерот за финансии Драган Тевдовски и градоначалникот Перо Костадинов, кои заедно извршија увид на градежните работи на булеварот Првомајска, што во моментов се реновира. Проектот се реализира преку проектната единица на МСИП на Светска Банка во Министерство за финансии. Средствата за негова реализација се обезбедени преку ЕУ.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа третиот јавен состанок за 2018 година на кој меѓу другото, било разговарано за следењето на медиумското известување на радиодифузерите на државно ниво во врска со референдумот.
Синдикатот од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ ја одложи најавата за денешниот протест пред Владата во Скопје и до утре ќе чека дали шестте милиони денари што со одлука им ги одреди Владата, ќе легнат на сметката на фирмата.
Подобрување на бизнис регулативата и директен дијалог со приватниот сектор за надминување на предизвиците од даночните и кадрови политики врз ИКТ секторот во Република Македонија, порачаа учесниците на форумот за подобрување на бизнис климата во Македонија преку поттикнување на општествени и економски промени, организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
Нови 90 работни места ќе се отворат со инвестицијата од 4,2 милиони евра што германската компанија ОДВ Електрик ќе ги вложи во втората фаза од нивното вложување во Македонија.
Народната банка на Република Македонија стои на ставот за оптималност на постојниот режим на девизниот курс и смета дека не постојат причини ниту каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот.