Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за отворено и транспарентно работење и иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата.
Фабриката „Југохром“ во Тетово нема да биде пуштена додека не се постават филтрите за отпрашување, потврдија денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Во првите три месеци од пилот програмата „Младинска гаранција“ во Скопје, Струмица и Гостивар се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија, информираат од Министерството за труд и сооцијална политика.
Формирање центар за туризам и македонско-грчки кластер, се само дел од активностите предвидени со проектот за прекугранична соработка со Грција што го реализираат фондацијата „Тиквешки вински пат“ и општината Росоман.
Општините и градоначалниците да подготват квалитетни проекти и да аплицираат на огласот за рурален развој, апелираат министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.
Компанијата „Univesal Minerals Limited“ денеска соопшти дека ја продолжува соработката со ГСОЛ/Еуроникел кој е новиот инвеститор во „Фени Индустри“ и оти е потпишан нов комерцијален договор.
Осигурителните друштва во првиот квартал од годинава оствариле 2,36 милијарди денари бруто полисирана премија забележувајќи раст од 5,17 проценти во однос на тој период лани.
Од прилепскиот Тутунски комбинат 222 вработени доброволно ќе заминат со пакет-отпремнини кои им беа понудени, соопшти денеска компанијата.
Македонија направила голем напредок во имплементацијата на т.н. меки мерки во енергетскиот сектор изминатата година, оценува Енергетската заедница во „Мониторинг извештајот за електрична енергија во земјите од Западен Балкан“.
Производителите на лубеници од селото Колешино се жалат дека веќе три дена нема откуп. Велат дека никој не прашува за нивните лубеници, а до пред три дена се откупувал само по еден шлепер дневно.