Европската банка за обнова и развој, но и други банки, како Европската инвестициска банка, сакаат да учествуваат во финансирање на изградбата на ветерници во Миравци и фотоволтаична централа во Осломеј.
Уште еден чекор напред означува 10 мај во стечајниот процес на ФЕНИ, при што одборот на доверители го разгледа и даде позитивно мислење, отворајќи го патот за презентација и спроведување, на планот за реорганизација на Фени АД Индустри - во стечај, поднесен од ЕуроНикел.
Македонија како земја која се стреми да се приклучи во ЕУ треба полека да почне да се подготвува за воведување 5Г технологија. Работна група во Министерството за информатичко општество за утврдување мерки неопходни за воведување 5Г е веќе формирана.
Продажните цени на индустриските производи на странските пазари во март 2018 година се пониски за 1,7 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 2,6 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Иако сметаат дека актуелната економска ситуација во Македонија е полоша од лани, повеќето германски инвеститори очекуваат подобри деловни резултати годинава во споредба со 2017-та.
Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, основач и сопственик на Националната агенција за обезбедување на лица и имот (НИКОБ) ќе ја предводи Македонско – бугарската стопанска комора во следните две години.
Поевтинување на свинските месни производи за 10 до 15 отсто или за околу 30 денари за килограм, најавија денеска преработувачите, поздравувајќи ја времената владина одлука за укинување на увозните давачки.
Хрватски „Кончар“ по подолга пауза се враќа на македонскиот пазар. Во Македонија во минатото во многу објекти и во транспортот има вградено многу негови производи.
Два крупни проекта од областа на гасификацијата најави министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Јордан.
Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе го одржи Годишното изборно собрание на кое треба да се конституираат работните тела и да се назначи нов претседател.