Владата на денешната седница разгледа и усвои информацијата во врска со потребата од обезбедување дополнителни 100 милиони евра средства за нова, петта кредитна линија од Европската инвестициска банка за финансирање на мали и средни претпријатија.
Една од целите на оваа иницијатива, како што соопшти владината прес-служба, е нашата земја да се приклучи на внатрешниот пазар на електрична енергија во југоисточна Европа, со цел на учесниците на пазарот да им се понудат нови деловни можности и прекугранична трговија за постигнување нефикасност, конкурентни цени и повисоки стандарди за услуги.
Управата за јавни приходи опоменала 48.603 фирми или самостојни вршители на дејност за неплатена реадиодифузна такса.
Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит, што ќе се одржи во Истанбул на 11 и 12 април.
Постојат можности за интензивирање на трговската соработка и на туризмот меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, оцениле денеска во Дубаи македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и министерот за економија на ОАЕ, Султан бин Саед Ал Мансури.
Трошоците на живот во март биле на исто ниво како и во февруари, а цените на мало пониски за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Македонија да биде изземена од мерките на САД и ЕУ за ограничен увоз на челични производи бидејќи не претставува закана за нивните пазари, ниту може на каков било начин да ги загрози, бара Здружението на металургија при Стопанската комора.
Можностите за инвестирање и економската состојба во Македонија беа претставени на 8. издание на Годишниот инвестициски самит што од 9 до 11 април се одржува во Дубаи под покровителство на шеик Мохамед Бин Рашид Ал Мактум.
Во оптек е пуштена кована пара за колекционерски цели „Близнаци“ од серијата „Хороскопски знаци“. Цената на монетата изнесува 2.800 денари.
Минатата година продажбата преку интернет во светски рамки достигна 2,29 трилиони долари. Се проценува дека оваа бројка до 2021 година двојно ќе се зголеми и ќе изнесува најмалку 4,48 трилиони долари.