Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука од 15 мај годинава да бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари.
Да не се запостави еднаквиот регионален развој со имплементирањето на владините мерки за економски раст од третиот столб кои предвидуваат поддршка на микро, малите и средните претпријатија, апелира Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар на месечно ниво не забележуваат промена, а се повисоки за 0,9 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Според нив, неопходно е да се продолжи со подобрување на бизнис климата и со јакнење на правниот систем, а институциите треба да бидат силни за да ги спроведат реформите и да овозможат транспаренто трошење на јавните пари.
Годинава, како што истакна премиерот Заев, ќе бидат комплетирани автопатските делници Демир Капија-Смоквица и Миладиновци-Штип, а се планира да започне и изградбата на три експресни патишта.
Според него, интеграциите во НАТО ќе овозможат и повисок раст од проектираниот, а ќе создадат и мултипликативен ефект кај инвестициите зашто се вид сигурност.
Германската компанија „Костал“ која веќе работи во Охрид бара да потпише нов договор според новите мерки за економски раст.
Како што рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, се предлага за приход до илјада евра персоналниот данок на доход да остане ист, 10 отсто, додека за секој приход остварен над границата од илјада евра данокот да биде 18 проценти, а такви се околу два отсто од граѓаните во Македонија.
Анѓушев потенцира дека за раст на мала економија како македонската е неопходно креирање извозно ориентирани компании и инвестирање во одржливи, инфраструктурни проекти.
Пензиите за март што пензионерите ќе ги добијат во април ќе бидат покачени за 1,69 проценти, согласно законското усогласување на пензијата што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот.