Продажните цени на производителите на индустриски производи,вкупно во јануари годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 2,8 отсто на годишно ниво.
Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ академик Таки Фити потпишаа Меморандум за соработка за одржлив развој на енергетиката во земјава.
Согласно измените, државата ќе покрива до 50 отсто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец (земјоделско стопанство) ќе добие платежна картичка за купување „зелена нафта“.
Македонија во текот на минатата година ја зголеми стапката на вработеност за 2,7 проценти. Зголемени стапки на вработеност се регистрирани во сите земји од Западен Балкан која се движи од 9,2 во Косово, 4,3 во Србија, 3,5 во Црна Гора, 3,4 во Албанија и 1,7 проценти во Босна и Херцеговина.
Се подготвува нов закон за градежни производи. Tреба да го подобри квалитетот на домашните градежни материјали, велат од надлежното здружение при Стопанската комора. Се очекува законот да биде донесен до крајот на годинава.
Со Буџетскиот совет раководи пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, која е еден од потпретседателите на Собранието, а на конститутивната седница присуствуваше и претседателот на Парламентот Талат Џафери.
Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за половина денар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Државата и оваа година ќе покрива 60% од осигурувањето за земјоделците, но ќе работиме и на подигање на свеста за потребата од осигурување, изјави на првата трибина со земјоделците и осигурителните компании за осигурувањето во земјоделството, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
- Проблемот со брашното го прават неколку фирми кои сакаат да го заобиколат законот, и на криминален начин да дојдат до повеќе пари, сметаат земјоделците.
Нема никаков проблем, тоа што е догогворено во Скопје се спроведува. Мешовитиот комитет заседаваше во Белград, ќе продолжи со седница во Скопје, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.