Македонските он-лајн продавници треба да се усогласат со Законот за заштита на потрошувачите и да нудат можност за откажување на купо-продажните договори во рок од 14 дена.
Во Македонија досега се спроведени 22 проекти за кои нема ажурирани податоци за сумите на договорите, за траењето, а Државниот завод за ревизија веќе има утврдено доста неправилности и кршење на законите во однос на применување на јавното-приватно партнерство.
Комитетот е формиран по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовски и Расим Љајиќ во Скопје на 7-ми март, кога беше постигнат договор околу контролата на увозот на српско брашно во земјава.
Во Македонија веќе работат сериозен број на турски компании кои плаќаат плата на вработените, плаќаат даноци во буџетот и учествуваат во севкупното производство и во извозот, рече премиерот Зоран Заев по состанокот со компаниите членки на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО.
За време на Глобалната недела на парите ќе се организираат посети од страна на повеќе основни и средни училишта од Скопје и од останатите градови, како и од руралните средини во просториите на петте регулатори
Последните податоци на УЈП покажуваат дека се поднесени вкупно 334.360 пријави. Денеска се очекува да бидат поднесени околу 100 илјади. Најмногу или 125.165 пријави се поднесени во Скопје, во Битола 46.400, Тетово 28.621, Струмица 29.982, Прилеп 45.652 и Штип 58.540 годишни даночни пријави.
Владата на Република Македонија интензивно работи на раст и развој на економијата, преку имплементирање на мерки за поддршка на стопанството, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средбата во Брисел со неговиот белгиски колега, вицепремиерот и министер за економија и вработувања Крис Петерс.
Денеска е последниот ден кога гаѓаните може до Управата за јавни приходи да поднесат годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во изминатата 2017 година. се очекува да бидат поднесени над 400.000 годишни даночни пријави.
Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ на седница одржана вчера констатира дека економските основи и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи. Утврдено е понатамошно стабилизирање на довербата и очекувањата на економските субјекти.
Ова во одговор на прашање го порача претседателот на Конфииндустрија Македонија, Марко Маркони по потпишувањето меморандум за соработка со Сојузот на стопански комори.