Нови 1.900 лица ќе бидат опфатени со измените и дополнувањата на законот за стечајци што на денешната седница ги усвои Владата, односно тие ќе имаат можност да добиваат паричен надомест од државата до нивното пензионирање.
Создавањето услови за трет мобилен оператор во Македонија и искуствата на Турција во оваа област, биле тема на денешната средба на македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски со турскиот министер за транспорт, морепловство и комуникации Ахмет Арслан.
Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува утре, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија.
Од ресорот финансии информираат дека во државната каса се прибрани нешто повеќе од 13 милијарди денари или 6,89 проценти од вкупниот буџет за годината, додека расходите се реализирани со 6,56 насто.
– Ни претставува задоволство што придонесуваме во развојот на националната инфраструктура, и во регионалната интеграција на Западен Балкан, која е круцијална за поттикнување на трговијата и развојот. Ова ќе донесе подобрување на секојдневното живеење на ѓраѓаните, овозможувајќи развој и раст на деловните активности, изјави претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.
Енергетската иднина на земјите од регионот на Западен Балкан вицепремиерот Кочо Анѓушев ја гледа во создавање на еден заеднички енергетски пазар, без административни граници.
Коридорот 8 и Коридорот 10, но и другите коридори кои поминуваат низ другите земји биле дел од темите за кои денеска се разговарало на инвестицискиот Самит во Лондон кој е во организација на ЕБОР.
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада го претставија новиот проект „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од швајцарската Влада.
Во Фени индустри од утрото успешно е рестартиран производниот процес. Електропечката се враќа во работа со полна пареа, целосната опрема е ставена во функција и тековно се врши дотур на репроматеријали за континуирано производство, информираат од компанијата Гсол.
„Регионалната инвестициска платформа“, која ќе ја раководи секретаријатот на ЕБОР, има за цел да го интензивира интересот и приливот на странски инвестиции во земјите од Западен Балкан.