Бројот на работниците во индустријата во текот на минатата година, во однос на периодот јануари - декември 2016 година, е зголемен за 2,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Граѓаните (резиденти и нерезиденти на Р.Македонија) кои остваруваат приходи од други физички лица во земјата, како и граѓаните-резиденти кои остваруваат приходи од странство, имаат обврска да поднесат Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД).
Надминување на регионалните проблеми во областа на угостителсвтото и туризмот и развој на заеднички иницијативи предвидува Проектот ХЕЛИКС што ќе се спроведува во наредните две години во Македонија, Албанија, Бугарија и Грција.
Дваесет граѓански организации од 27 општини добија грантови во вкупна висина од 80 илјади евра за реализација на нивните проекти од различни области.
Во последните месеци има интензивен интерес за инвестирање во земјава и од странски и од домашни компании, а во многу скоро време ќе следува етабилирање на инвеститори со потпишување на договори, најави денеска министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.
Синдикатот во денешното соопштение изразува загриженост за вработените во рудниците бидејќи усвојувањето на законските измени, како што се наведува, претставува сериозна закана за запирање на работењето на рудниците.
Индустриското производство во минатата година забележа раст од 0,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Можноста да се искористат економските предности на заедничкиот пат кон ЕУ на државите од Западен Балкан ќе биде една од стратешките определби на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).
Ќе се прават анализи за тоа дали да се зголеми прагот на одданочување со ДДВ на физичките лица, изјави денеска Јована Аврамовска од прес-службата на Министерството за финансии.
Македонија е рангирана меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот, соопшти денеска Центарот за економски анализи (ЦЕА), повикувајќи се на истражувањето „Отворен буџет (ОБИ) 2017“ на Меѓународното буџетско партнерство (МБП).