„Виз ер“, лани превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии, што претставува пораст од 20 проценти на годишно ниво и поддржува 900 локални работни места во придружните индустрии.
Се зголемува активноста во индустријата и во трговијата, но градежната продолжува да се намалува. Податоците за инфлацијата за 2017-та покажуваат просечен годишен раст на ценовното ниво од 1,4 проценти.
Растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2 процента, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи.
Според АХВ, производството, увозот и ставањето во промет храна за доенчиња и мали деца во Македонија подлежи на посебен режим на одобрување.
Граѓаните годинава последен пат ќе поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи за остварени дополнителни приходи во текот на претходната година.
Трошоците на живот во 2017 година пораснале за 1,4, а цените на мало за 3,2 отсто во споредба со претходната 2016 година. Според податоците на Државниот завод за статистика.
Два милиона патници (2.027.344) патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13 проценти споредено со 2016 година, соопшти денеска концесионерот на аердоромите ТАВ Македонија.
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Поголем број на граѓани останале со блокирани сметки и за време на Божиќните сметки како последица на правните дејствија преземени од извршителите, велат од иницијативата „Стоп за извршители“.
Од АХВ посочуваат дека се засилени контролите на граничните премини од инспекциските служби на Агенцијата, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз.