ЕУ додели 72,3 милиони евра помош на Република Македонија за поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата, соопштија од Делегација на ЕУ во Скопје.
Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.
Годишниот договор за економска и техничка соработка меѓу двете држави беше потпишан денеска во Скопје од страна на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека Македонија треба да се приклучи на гасоводот ТАБ и со тоа да обезбеди снабдување од повеќе извори и конкурентни цени.
Граѓаните кои се приклучени на системот за централно греење нема да мора сами да набавуваат мерачи за топлинска енергија за радијаторите и за тоа да треба да одвојат сопствени средства, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Според гувернерот Димитар Богов, 2017 е една од најслабите години од аспект на економскиот раст во последните пет години, а проекцијата на НБРМ за раст за годинава останува околу 0,5 проценти.
Република Македонија и Народна Република Кина денеска во Секретаријатот за европски прашања ќе потпишат Договор за економска и техничка соработка, со кој кинеската Влада ќе обезбеди грант - помош за Македонија.
Традиционална манифестација „Македонски квалитет“ ќе се одржи денеска во Скопје, под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Барањето на газдите, работниците на рака да им вратат дел од минималната плата е кривично дело за кое е предвидена затворска казна од три месеци до една година, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Како што информира на прес-конференција директорката на УЈП Соња Лукаревска, граѓанин од Скопје минатата година пријавил највисок годишен приход од 255 милиони денари.