На два дена пред крајниот рок денеска заврши амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет по предлог-буџетот за 2018 година. Од вкупно 279 амандмани, Комисијата усвои шест, од кои четири од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не присуствуваа на денешната седница.
Трошоците на живот и цените на мало во ноември годинава во однос на претходниот месец бележат раст од 0,2 проценти, а во однос на ноември минатата година трошоците на живот раст од 2,2 проценти, додека цените на мало од 4,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Тоа е намалување од 0,5 отсто во споредба со вториот квартал, кога стапката на невработеност била 22,6 отсто. Спроед ДЗС, стапката на невработеност на крајот на минатата година била 23,7 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од годинава номинално расте за пет проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65,5 проценти.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК бара веднаш да се усогласат платите во основното и средното образование, согласно процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво.
Банките доверители во Фени разговараат со потенцијалните инвеститори, а со еден од нив е потпишан Меморандум за разбирање, информираат од Комерцијална банка.
Самохраните мајки во земјава мака мачат за да се вработат. Анализите покажуваат дека околу 30% од нив се невработени и неопходна им е помош за полесен пристап до пазарот на труд.
Вкупно 10,9 милијарди долари изнесува трговската размена на Македонија во периодот јануари – октомври 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Министерот за финансии Драган Тевдовски очекува буџетот за 2018 година да биде донесен на време и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на расправата во матичната собраниска комисија.
Од јануари 2018 година ќе започне реализацијата на проектот “е-персонален данок на доход”. Сепак дотогаш и за оваа година граѓаните ќе треба на пролет сами да поднесат даночни пријави за 2017 година на шалтерите на УЈП.