Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги врачи првите решенија на граѓани опфатени со Законот во јавноста познат како „Закон за стечајци“.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе ги врачи првите решенија на граѓани опфатени со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“ во ТИРЗ Скопје 2 Ејул Ѓулсој денеска ќе потпишат договор за закуп на градежно земјиште.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска ги прими Шрини Гопалан, член на Управниот одбор на Дојче Телеком за Европа и главниот извршен директор на Македонски Телеком Андреас Елснер.
Македонија и Србија од март следната година ќе воспостават заедничко царинење на граничниот премин Табановце.
Според српскиот Републички завод за статистика во првите десет месеци од оваа година Србија во Македонија најмногу извезувала топло валани ленти во котури и сончогледово масло, а од Македонија во Србија најмногу се увезле вино и лекови.
Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска по седми пат ги прогласи најуспешните 100 компании меѓу своите членки.
Има можности за соработка на странските инвеститори со домашните компании, но соработката оди многу тешко бидејќи домашните компании не се подготвени на ризик и немаат стратешки визии, сметаат странските инвеститори.
ЕБОР ги продаде своите 5,245 проценти акционерски влог во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата банка во Македонија, како дел од вообичаеното менаџирање на портфолиото.
Во фокусот на средбата биле развој на инфраструктурата и зајакнувањето на капацитетите на малите и средни претпријатија во Македонија, но и заштитата на животната средина, пречистителни станици за вода и станици за третман на отпад.