Зголемувањето на пензијата, велат од МТСП, во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија.
Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија, соопшти Владата.
За нас е најважно сите засегнати страни да бидат вклучени во изработката на новиот Предлог-закон за минерални суровини зашто на таков начин мислам дека може да имаме подобар текст кој ќе биде применлив и воедно да ја заштитиме животната средина во нашата држава, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Кон крајот на овој месец или најдоцна во првата недела од февруари Владата ќе излезе со петтиот сет антикризни мерки, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши
И оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши
На 15 јануари, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, кој минатиот ноември стапи на должност во нашата земја
Министерството за економија и годинава ќе реализира неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и домаќинствата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, оцени денеска од Тетово, министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на промоцијата на возилата за јавен превоз на градот
Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година