Ковид е најголемата економска криза која се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година и кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на септември лани. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава во однос на јули лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот јануари ‒ август годинава, во однос на периодот јануари ‒ август минатата година, се намалил за 13,7 отсто.
Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска информира дека повторно имале средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Во Собранието почна расправата по ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава и со него треба да се овозможи спроведувањето на четвртиот пакет мерки за справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.
Примена на законот за урбанистичко планирање и очекувања од законот за градење беа дел од темите на кои претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денеска, разговараа со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Со ребалансот на буџетот се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат во спроведување на брза излезна стратегија, со цел продолжување со позитивните трендови на македонска економија, кога кризата ќе заврши
Петнаесет туроператори од Белорусија во изминатите два дена престојуваа на информативна тура во Маврово и Попова Шапка, каде се запознаа со можностите кои ги нудат нашите зимски туристички центри
Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, заради справување со последиците од коронакризата. Предлог-ребалансот на Буџетот е на дневен ред во матичната Комисија за финансирање и буџет, каде расправата, согласно со собранискиот Деловник трае 10 работни дена. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија 170 амандмани
Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Македонија АД Скопје, соопшти владината прес-служба