Финансиска поддршка за задржување на работните места, бескаматни кредити со грант компонента и државна гаранта шема за полесно земање кредити од комерцијалните банки се дел од мерките од новиот, четврт пакет
Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викендот без ДДВ за сите граѓани, најавува премиерот Зоран Заев
Преку имплементирање на новиот концепт СМАРТ финансии, ќе се работи на подобрување на реализацијата на капиталните расходи
Дваесет до 30 проценти од граѓаните што ја искористија можноста за одложување на плаќање на ратите на кредитите во првиот период, кој почна од април и трае до крајот на овој месец, побарале да ја искористат и втората дадена можност од банките за одложување на отплата на обврските за уште шест месеци
Конференција за туризам насловена „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време“ ќе се одржи денеска по повод Светскиот ден на туризмот.
Мерките од четвртиот пакет се дефинирани. Тој претставува продолжение на претходните три и тежи 350 милиони евра, а одлуката треба денеска на седница да ја донесе Владата.
Фондот за иновации и технолошки развој врши набавка на услуги согласно Законот за јавни набавки, на јавен оглас за доделување договор за јавна набавка
Четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и е сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани, појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната вотра седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) во Владата
Во наредните четири години земјоделството и руралниот развој ќе ги поддржиме со годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра и ќе вршиме навремена исплата на субвенции по принципот 30 отсто од висината на субвенциите за основните мерки да се исплаќа 30 дена по одобрувањето, а 70 отсто според календарот за исплата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа
Квалитетот на грозјето годинава не е таков како што очекувавме и поради природните околности во лозарството има речиси елементарна непогода, но со мерките што ги презеде Владата сите лозари што ќе го предадат грозјето добиваат осум денари од државата, ако се земат предвид сите мерки заедно, и плус тоа што ќе го добијат од откупувачите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа