Вчеравечер со Гала оперски концерт на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, беше отворено 40. издание на фестивалот Скопско лето, кој традиционално почнува на првиот ден од летото 21 јуни - Светскиот ден на музиката
Триесет и пет уметници од земјава, но и од Русија, Србија, Хрватска, Бугарија, Франција, Грција и од Полска ќе учествуваат на 10-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ што вечер ќе биде отворена во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани
Според кореографот во друштвото Љупчо Милошески на сцената настапиле сите 230 членови, поделени во групи.
Француската алијанса во Тетово и Центарот за соработка на Балканот „Лоја“ денеска го одржуваат традиционалниот уличен фестивал во градот, поради што ќе биде пренасочуван сообраќај на дел од улицата Јане Сандански позади Центарот за култура
Драмски театар-Скопје ги почна подготовките за нова премиера – NSFW (Not Safe for Work / Несоодветно за на работа) од современата британска драмска авторка Луси Кирквуд, која ќе ја постави актерот, режисер и професор Доналд Ворен Мофет
Аудиција за избор на вокален интерпретатор кој ќе ја претставува нашата држава на Јуниорски Евросонг 2019 во Гливице, Полска, ќе се одржи во сабота во Македонската радио телевизија.
Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од денеска до 25 јуни ќе се прикажуваат во Кинотека.
По едногодишни интензивни подготовки, продукциската куќа „Дрим Фектори“, заедно со режисерот Стојан Вујичиќ го најавуваат почетокот на снимањето на првиот македонски долгометражен филм за деца „СТЕЛА“.
Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски денеска и утре учествува на 17. сесија на бордот на министри за култура на земјите-членки на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ во Љубљана, Република Словенија
На брегот на Преспанското езеро во Отешево денеска 20 тина деца, членови на ликовната секција која работи при Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, предводена од ликовниот уметник Марија Груевска, заедно со 15-тина членови на здружението на ликовни уметници Преспа арт, денес создаваа свои ликовни дела