Министерот за култура Хусни Исмаили денеска прими дел од учесниците на 13. Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи“, што се одржува од 28 до 31 август, посакувајќи им успешно фестивалско издание
Со работилница за изложбата „сЛОГан“ и јавна дебата на тема „Каква галерија ни треба?“, во Битола почна 14-то издание на АКТО Фестивал за современи уметности
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Црна Гора во Република Македонија, Марија Петровиќ, на која ги потенцирале традиционално добрите културни врски меѓу двете земји
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар-Митевска доби уште награда на меѓународните фестивали, овојпат во Оренбург, Русија
Десет хорови од земјава и од странство од денеска до сабота ќе имаат изведби на неколку локации во главниот град во рамки на првиот Меѓународен хорски фестивал „Скопје пее“, организиран од ЈУ „Универзална сала“ со поддршка на Град Скопје
Во Македонска Каменица синоќа заврши Каменичко културно лето. На плоштадот во градот, кој славеше троен празник и беше исполнет со посетители, концерт одржа српската пејачка Наташа Беквалац, пред која настапија и Анета Молика и новата атракција за младите „2Бона“
Со изложбата „Патешествие“ на концертни и промотивни постери и плакати на Влатко Стефановски, в понеделник (2 септември) од 20 часот во Музеј на град Скопје ќе почне петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“
Со доделување наградите во пет категории, заврши десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Филмот „Соло“ – копродукција на Чешка, Франција, Аргентина и Австрија во режија на Артемио Бенки ја доби наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма
Изложба на дела од „Галеријата 73“ од Белград ќе биде отворена вечер во галерискиот простор на Порта Македонија во Скопје
Со доделувањето на наградите, премиерата на документарниот филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и концерт на групата „Фолтин“ вечер во Куршумли-ан ќе биде затворен 10.Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.