Музичката програма на „Охридско лето“ вечер продолжува со концерт на камерниот ансамбл „Игњац Фукс“, во состав Костадин Богданоски-прва виолина, Фросина Богданоска-втора виолина, Хивоте Тадезе-виола, Никола Јовановиќ-виолончело, Александар Тасиќ-кларинет, Виктор Кирченко-хорна, Жарко Перишиќ-фагот и Илин – Диме Димовски на контрабас
Македонската пијанистка Ана Гаштаровска ја освои наградата Гран при на 17 меѓународен арт фестивал „Езерски бисери“ и доби парична награда од 1.000 долари, доделена од Фондацијата Зографски и охридски бисери од семејството Филеви
„Те dua, жими мене” е новиот независен македонски филм чие снимање ќе започне на 15 август во Скопје, во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов
Македонскиот стрип центар со седиште во Велес ја објави третата книга од стрип серијалот наменет за познатиот народен јунак Итар Пејо
Во охридското село Велгошти вечерва традиционално ќе се одржи културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, како одбележување на годишнината од раѓањето на големиот писател и раскажувач
Во Библиотеката „АЛ-БИ“, вгнездена под дабовата шума на демирхисарското село Бабино, се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“ отпечатен во селото Горно Врановци и првиот примерок од книгата на Ванчо Николески, „Волшебното самарче“
Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на квартетот на гитари „Апеирон“, составен од уметниците Микеле Амбрози, Влатко Боцевски, Вјекослав Црнобори и Рафаеле Пизано
„Шест степени одвоеност: мит или светот е навистина мал”, е темата на предавањето што ќе го одржи д-р Трифче Сандев во рамки на „Научната и уметничка визита 2019″, што во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржува во Охрид
Со проекција на отворено на филмот „Триесет души“ на Дијана Туседо, вечерва во Музејот на современата уметност – Скопје часот ќе биде затворена меѓународната изложба „Родови перцепции“, која музејот ја организира во соработка со Британскиот совет
На програмата на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва се уметниците од „Бенсман“ саксофон квартетот, во состав Детлеф Бенсман – сопран саксофон, Тианхонг Ву – алт саксофон, Лиу Паи – тенор саксофон и Нинослав Димов на баритон саксофон