Дебрани синоќа имаа ретко убава можност во својот град да го проследат настапот на две познати сопранистки
Со спуштање на знамето на Крушевската Република на Гумење, вечерва во Крушево ќе бидат затворени Научно-културните средби „10 десет дена Крушевска Република“
Во Уметничката галерија, како дел од програмските активности на НУ Музеј-Куманово, вчера беше отворена изложба на дела од ликовната колонија „Куманово “ од минатогодишната продукција
Триесеттиот ден на годинашното издание на „Охридско лето“ резервиран за концертот на француското дуо Жо Кристоф на кларинет и пијанистот Вансан Мусат, како и проектот „Парче душа“ на актерот Љупчо Тодоровски –Упа посветен на поезијата на Блаже Конески
Уметникот Живко Поповски – Цветин традиционално испраќа порака за мир во чест на жртвите од атомските бомби во 1945 година врз Хирошима и Нагасаки, од кои загинаа над 100.000 луѓе и беше направена огромна материјална штета, а оставија долготрајни последици врз потомствата и природата
Во рамки на драмскиот дел на програмата на „Охридско лето“ вечерва на сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе биде изведена театарската претстава „Буре барут“ на Дејан Дуковски во изведба на Народниот театар од Истанбул
Планината Голак синоќа беше зборното место на илјадници посетители од Делчево, Виница и околните општини, иселеници од повеќе земји и гости од соседна Бугарија, кои беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби 2019"
На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје
Војо Цветановски и Милена Цветановска од Уличната театарска продукција „Театроск“, која работи уличен театар, улични промоции и настани со сличен карактер, ќе бидат дел од жири-комисијата што ќе одлучува кој ќе го освои првото место на светското првенство за живи статуи кое се случува на најголемиот европски фестивал „Зигет“ оваа година
Програмата на „Охридско лето“ за овој фестивалски ден нуди две уметнички содржини – концерт на дувачкиот квинтет „Пилекадоне“ од Бугарија во музичкиот дел и во драмскиот дел, театарската претстава „Буре барут“ во изведба на Народниот театар од Истанбул