За два месеца се очекува официјално да биде отворен македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул врз основа на Договорот меѓу нашата и Владата на Турција за основање културни центри во двете земји, кој стапи во сила во 2015 година
Фестивалот „Охридско лето“ веќе по традиција својот роденден 4 август го одбележува со несекојдневни доживувања, нудејќи содржини малку поинакви од вообичаениот фестивалски концепт, со концерти насочени кон привлекување поширок аудиториум
Сценаристот и хроничар на домашната деветта уметност, Александар Стеванов од Штип, ќе биде македонскиот претставник на осмата стрип-колонија „Рашка 2019“ што ќе се одржи на Семетешко езеро во Србија, од утре до 9 август
Авторите Тихомир Топузовски и Кумјана Новакова вечер во 21.30 часот на фасадата на Националната опера и балет ќе направат привремена уметничка интервенција
Фестивалот „Охридско лето“ утревечер ќе го прослави 59-тиот роденден со концерт на познатите гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на сцената на Античкиот театар
„Горна Бошава низ времето” е насловена книгата која беше промовирана во кавадаречкото поткожувско село, кое некогаш беше дел од општина Конопиште. Автори се Дарко Најдов и Јован Петков. Книгата од над 400 страници содржи бројни податоци поврзани со Горна Бошава
Младите уметници од Меѓународниот симфониски оркестар „Bisoyc“ вечерва со свои изведби на познати музички дела ќе се претстават пред охридската публика и гостите што летуваат тука
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со целовечерниот концерт на уметниците од гудачкиот квартет „Дисонанс“ од Словенија, со специјалниот гостин – кларинетистот Дарко Брлек
Триесетина играорци и играорки од културно-уметничкото друштво „8 Октомври” од Крива Паланка настапија на Меѓународниот фолклорен фестивал „Босилеградско краиште пее и игра 2019″
Со отворање на изложба на цртежи и графики од збирката на Меѓународната струмичка ликовна колонија, синоќа беше означен почетокот на 56. собир на ликовни уметници од повеќе земји од светот