Кумановскиот театар вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Недоразбирање“ од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска
Вечерашниот концерт на контратенорот Бојан Булатовиќ и пијанистката Драгана Димиќ од Србија во рамки на „Скопско лето“ од технички причини ќе се одржи во Музејот на македонската борба намество во Даут-пашин амам, соопшти организаторот
Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот Синиша Станковиќ, која во издание на „Или – или“ деновиве излезе од печат
Националната галерија во најавата за изложбата наведува дека изборот и начинот на кој се прикажува минатото денес е од клучно значење за демократизацијата на современото општество и дека историјата е колективна меморија која му дава смисла на нашето политичко постоење и делување
Формиран со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство и да го претставува во земјата и надвор од нејзините граници, националниот ансамбл „Танец“ вечерва со концерт го одбележа седумдеценискиот јубилеј.
Докторот по историски науки и филателист Бранислав Светозаревиќ од Тетово е добитник на златен медал „Вермеил“ на светската филателистичка изложба што се одржа во градот Вухам во Кина од 11 до 17 јуни
Стрип центарот на Македонија во Велес со поддршка на Министерството за култура денеска и утре во Ученичкиот интернат во Велес организира Стрип училиште на кое учествуваат 18 млади и талентирани цртачи, основци и средношколци од Велес, Куманово и Кавадарци, под менторство на нивните наставници и стрип автори од СЦМ-Велес
Од денеска до 29 јуни ќе се одвива акцијата „Донирај книга за патувачката библиотека на МакеДокс“. Книгите ќе може да се донираат во кафе „Котур“ секој ден до сабота.
Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” денеска ќе одбележи 70 години од формирањето. По тој повод, ансамблот вечер ќе одржи концерт во Националната опера и балет.
Апостолската палата, или Palazzo Apostolico, е официјална резиденција на папата во Ватикан и затоа често се нарекува Папска или Ватиканска палата. Апостолската палата е комплекс на градби, изградени во периодот од XII до XIX век.