Во Друштвото на писатели на Македонија денеска ќе се одржи традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети.
Ленд артот „Езеро или платика“ e моќна уметничка порака на брегот на Дебарското Езеро кај месноста Мелнички Мост, посветен на загадувањето со пластични шишња на езерото.
На 70-минутната презентација ќе бидат претставени кореографии од студентите по предметот Композиција на современ танц.
По синоќешното отворање, 18. Оффест продолжува вечер во Младинскиот културен центар со концерт на петчлениот бенд „Ngoni ba“ од Мали во Дансинг салата од 21 часот.
Фестивалот „One love tour“ ќе започне во Банско на 20 јули, а потоа ќе се одржува во Струмица на 15 август, во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 14 сепрември, Скопје на 21 септември и ќе заврши во Стара Загора на 5 октoмври, беше соопштено на денешната прес-конференција во Софија
Краткометражната анимација „Една“ на Вук Митевски на филмскиот фестивал во Краков ја освои наградата на жирито за најдобар европски краткометражен филм и со ова добива директна номинација за Европската филмска Академија
Домот на културата од Гевгелија, под покровителство на локалната самоуправа од денеска до четврток организира неколку културни манифестации со кои гевгеличани годинава ќе го чествуваат својот патрон „Свети Спас“ заштитникот на градот
Поетски избор од Стефан Марковски е вклучен во јунскиот број од книжевното списание Chinese Language monthly, кое излегува еднаш месечно од 1952 година, вброено меѓу најзначајните и списанија со најдолга традиција во Тајван
Претставата „Немам каде да се вратам“ во режија на Дени Стојанов, а во изведба на театарот „Kunstwerksstatt“ од Скопје е добитник на наградата Гран при „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 60. јубилејно издание на Меѓународниот Драмски аматерски фестивал – ДАФ во Кочани
Отворањето на изложбата „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, која ќе биде збогатена со уште десет паноа за македонската кинематографија, подготвени од Државниот архив и Кинотеката. Изложбата ќе може да се посети до 17 јуни годинава