Светски познатата уметничка Меј со голем концерт најавуван како уметнички спектакл на Антички ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните солисти од МОБ, под диригентска управа на бугарскиот диригент Иван Кожухаров.
Престојот во секоја земја дипломатот Рембер го завршува со книга. По делото „Немирни денови во Либија”, престојот во Брисел го инспирирал да напише биографија за Жан-Клод Пирот
– Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, ремек-дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима, соопшти Националната опера и балет.
Во Домот на културата „Наум Наумоски Борче“ во Крушево денеска за прв пат е отворена иложбата дела-творби од креативни пациенти, сместени во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница“ во Демир Хисар
Лидија Капушевска-Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ се годинашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ која петти пат ја доделува редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга во рамки на „Струшки книжевни средби“
Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни скоро три години за да ја изработи оваа магична анимација, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.
Обуките се наменети за педагозите, библиотекарите, дефектолозите, директорите, одделенските наставници и предметните наставници по македонски јазик во основните училишта.
Здружението Новинари за човекови права денеска во Скопје ќе ја промовира книгата „Скриениот херој во секое дете“.
Познатиот Драмски аматерски фестивал ДАФ кој годинава одбележува јубилеј, 60 години постоење, ќе почне вечерва во Кочани и ќе трае до 1 јуни.
Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети.