Најмладите љубители на безвременските приказни во кои сѐ е можно, но и возрaсните кои веруваат во моќта на имагинацијата, отсега имаат нови приказни, по една за секоја недела. Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ - „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс ламина“ го промовираа новото издание „Бајки од Македонија за цела година“
Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – ’Браво сине’“ и издавачката куќа „Арс ламина“ денеска напладне на Саемот на книгата ќе ја промовираат новата едиција „Бајки од Македонија за цела година“
Со проекција на документарен филм се заокружува одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на навивачката група „Војводи“ – Тетово, поддржувачи на фудбалскиот клуб „Тетекс“
Со изведба на четири монодрами во Центарот за култура, денеска продолжува Интернационалниот фестивал „Битола 2019“
По отворањето со Вердиевата „Аида“ во четвртокот, програмата на 47. Мајски оперски вечери продолжува со „Лебедево езеро“ на Чајковски, единствената балетска претстава меѓу шесте опери на годинашниот фестивал
Фестивалот ќе донесе и неколку новини, а добитници на наградата за животно дело се режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку. Ова денеска во Прилеп го соопшти уметничкиот директор на фестивалот, Катарина Коцевска.
„Со хумор и мудрост кон човечност“ е насловена збирката од пензионираниот наставник Ѓорѓи Лазов, која синоќа беше промовирана во Кавадарци
Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце денеска попладне ја организира манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2019 што претставува и годишен концерт на друштвото
Во рамките на Биеналето во Венеција, една од најзначајните меѓународни манифестации за визуелни уметности, беше отворен и павилјонот на Македонија со проектот Субверзија во црвено на уметницата Нада Прља во Палацо Рота Иванчиќ со перформативното уметничко дело „Црвена дискусија“, соопштуваат од владината прес служба
Петнаесет илјади луѓе го посетиле Музејот на традиционална тиквешка храна за шест години постоење