Во чест на 9 мај – Денот на Европа, Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски и Јордан Плевнеш, Претседател на Уметничкиот совет на Интернационалниот театарски фестивал Актерот на Европа, соопштија дека добитник на престижното признание Актер на Европа 2019, е легендарната португалска театарска и филмска актерка Мариа До Сеу Гера и основач на култниот театар Барака од Лисабон
Четириесет и седмите Мајски оперски вечери оваа година ќе бидат отворени и затворени со оперската претстава „Аида“, со која фестивалот традиционално завршува секоја година на 31 мај
Писателот Александар Прокопиев ќе биде гостин на 12. Саем на книгата и книжевниот фестивал на автори „Врисок“ кој од 12 до 19 мај ќе се одржува во Риека, Хрватска
Десетина македонски поети и писатели од сите генерации, од утре до 11 мај во Софија ќе бидат дел од 12-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија
Женската фолклорна група „Копачка“ доби Грамота за настапот во соседна Бугарија, каде по повод традиционалниот настан кој по 10-ти пат се одржа во село Спатово, учествуваше на манифестацијата „Ѓурѓовден 2019“
Издавачкиот центар ТРИ годинава на Саемот на книга настапува со богата програма на активности која вклучува ексклузивни гостувања на тројца врвни светски автори – Винко Модерндорфер, Кристина Улсон и Едина Сворен – кои ќе допатуваат во Скопје специјално за 31 издание на оваа манифестација
„Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“ е насловот на изложбата со фотографии што денеска ќе биде отворена во галеријата „Ванѓел Коџоман“ во Струга, во организација на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и природо научниот музеј „Др. Никола Незлобински“
Институтот за македонска литература денеска ќе организира трибина насловена: „Хип хоп култура (40 години уметнички перформанс)“, а поводот е 40-годишнината од првата хип-хоп песна „Раперс дилајт“ изведена од групата Д’Шугархил Генг
На вечерашниот симфониски концерт „Нов свет“ на Филхармонијата солист ќе биде врвната виолинистка Баиба Скриде од Летонија. Диригент е Јерухам Шаровски од Израел, а на коцертната програма ќе биде Симфонијата бр. 9 „Од новиот свет“ од Антонин Дворжак
Во Венеција вечер официјално ќе биде отворен павилјонот на Република Северна Македонија со проектот на Музејот на современата уметност (МСУ) „Субверзија во црвено“ на авторката Нада Прља, во рамки на 58. Интернационална ликовна изложба која за посетители ќе биде отворена од 11 мај до 24 ноември