Во театарот „Сенки и облаци“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана првата книга за деца во издание на „Или-или“ – „Арно ама“ од Калина Малеска
Дуото Ноел-Ан Дарбеле (виолина, глас) и Рене Камакаро (виолончело) вечер ќе одржи концерт во Даут-пашиниот амам, во рамки на 42. Денови на македонска музика
Во Центарот за култура „Кочо Рацин” во Кичево со почеток од 10 часот утре и задутре ќе се одржи Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Кичево“ како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“
Изложба на фотографии од оригинални народни носии, сопственост на Културното уметничко друштво „Јане Сандански”, беше отворена попладнево во Музеј на град Неготино
Традиционалниот Велигденски концерт во Куманово ќе се одржи утре во Соборниот Храм Свети Никола, најавија на денешната прес-конференција, надлежните од секторот и од Фондацијата за култура и спорт од општина Куманово
Потребно е да се случат такви несреќи како опжарувањето на Богородичната црква во Париз за да посветиме потребно внимание на одржување на спомениците на културата, вели Лазар Шумански претседател на Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС
За творештвото на романсиерот, раскажувач и поет Димитар Башевски ќе зборуваат неговите колеги од Македонскиот ПЕН-центар на настанот што вечерва ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуса “Appearing – Disappearing” и “EXIT” денеска во Скопје ќе биде отворена галеријата „Рудиќ“
Книжевно пладне со писателот Трајче Кацаров ќе се одржи денеска во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
Деби-романот на Илија Каров „Приказната за човекот што ги прекрши сите ветувања“ ќе биде промовиран денеска на Булеварот на книгите