Друштвото на писателите на Македонија вечер од 19 часот организира книжевна вечер на која ќе бидат претставени 13-те нови негови членови преку кус разговор и со читање сегменти од нивното творештво
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија, (Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival) која има и парична вредност од 15.000 евра
„Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” е насловена книгата на новинарот и публицист Свето Стаменов, која содржи 16 интервјуа реализирани во серијалот на Македонското радио – Радио Скопје за одбележувањето 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски
Во организација на Институтот Гете во Скопје, од денеска до 20 април во Кинотеката ќе се одржува осмиот Детски фестивал за слика и филм „Буф“
Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, в среда во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми
На 42. Денови на македонска музика вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи летонската пијанистка Лаума Скриде, која ќе изведе дела од композиторите Мехмет Џан Озер, Петерис Васкс, Петар Јованов, Сорен Нилс Ајхберг, Софија Губајдулина, како и од македонските автори Борис Светиев, Гоце Коларовски и Ана Пандевска
На традиционалниот „Салон на книгата на Балканот” во Париз денеска ќе биде промовиран францускиот превод на книгата „Париз на Омер Калеши’’ од академик Луан Старова
Пензионираниот професор од Филолошкиот факултет, Коста Пеев, му отстапува книги, фотографии, ракописи и аудио материјали, собирани во последните педесетина години, на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет
Министерот за култура Асаф Адеми, кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, учествува на осмиот Самит на шефови на владите на земјите од Централна и Источна Европа и на Народна Република Кина од Процесот 16+1, кој вчера и денеска се одржува во Дубровник
На конкурсот за шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се пријавил 161 поет. Конечниот список со учесници кои ќе конкурираат за наградите се очекува да биде познат до крајот на април, до кога тричлената жири-комисија ќе го врши оценувањето