Во Македонскиот народен театар на 10 мај ќе биде изведена претставата „Ноќ на боговите“ по текст на најизведуваниот хрватски драмски писател Миро Гавран, во режија на Марко Манојловиќ од Србија
Околу 50 прилози од различни рубрики на 213 страници се вклучени во првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2019 година
Омилените ликови од детските сликовници, дел од најдобрите илустратори и писатели за деца од Македонија и регионот, работилници за деца, дебата и невообичаени изложби ќе бидат дел од првиот Меѓународен фестивал за литература за деца и илустрација „Литера 2019“, кој ќе се одржи претстојниот викенд во Музејот на современа уметност во Скопје
Во рамките на кампањата „Фраерски е да се чита”, денеска од 12.30 часот во книжарницата „Три“ во ГТЦ ќе се одржи дружење на млади читатели со Билјана Црвенковска, писателка на книги за деца
Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА денеска напладне во драмското студио организира поетски портрет на поетот и академик Радован Павловски
Драмски театар-Скопје ќе биде домаќин на гостувањето на Народниот театар од Ниш со претставата „Брод на љубовта“ по текст на Небојша Ромчевиќ, во режија на Ангелчо Илиевски
Книгата „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска вечер ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар
Германскиот сценограф Јан Папелбаум вечер од 19 часот во Музејот на современа уметност ќе одржи предавање „Модерното на сцена (Сонот на куќата)“, што е дел од програмата „Преведување визуелна драматургија 2019“ на Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт
-Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019.
Промоција на две книги „Песни за егејот“ и „Раскази за егејот“, како и изложба на фотографии „70 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција“ се одржа денеска во Дом на АРМ. Автори на овие книги се учениците од петто до деветто оделение од сите училишта во републиката