Дела на македонски уметници ќе бидат презентирани во рамки на Вечер на современа македонска уметност која ќе се одржи во Белград на 7 април.
Македонскиот писател Христо Петрески е добитник на меѓународната книжевна награда „Доситеј Обрадовиќ“ на Здружението на писателите на Србија. Оваа награда се доделува за сатира во литературата, а Петрески ја доби за својата поетска книга „Погрешен човек“.
Археолошките истражувања на 79 гробови и пронајдените предмети, од кои некои уникатни во подрачјето на Долно Повардарие, несомнено укажуваат дека некрополата Милци кај Гевгелија има големо значење во проучувањето на религијата на пајонските заедници.
Вечерва со почеток во 19 часот и 30 минути во Јавна соба, Скопје, ќе се одржи Меѓународниот фестивал на поезија и уметност „Крикот на жената“ – WomanScream(Grito де Mujer), ширум светот познат како интернационално движење на жени-поети.
Познатиот музичар Васил Хаџиманов во рамки на одбележувањето 12 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип доби признание почесен доктор на науки на оваа високообразовна установа каде што долго време е визитинг професор.
„Да танцуваме!“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Филхармонијата, на кој под водство на романскиот диригент Габриел Бебешелеа оркестарот ќе ги изведе „Словенски танци“ оп. 46 од Антонин Дворжак и „Симфониски танци“ оп. 45 од Сергеј Рахмањинов.
Во Меморијалниот центар на холакауст на Евреите од Македонија, а во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, вечер ќе бидат отворени две фото-документарни изложби со наслов „Холокауст -уништување, ослободување, спасување“ и „Опсадата на Ленинград“.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ вечер од 19 часот во Клуб ресторан МКЦ ќе го промовира изданието „Село зад седумте јасени/Стебла“ од Славко Јаневски и првиот број на списанието за култура и општествени прашања „Архив Јаневски“.
Онлајн-книжарницата КупиКнига.мк за својот седми роденден овој викенд ќе продава книги со попуст до 60 проценти. Соопшти дека тоа им го овозможува на своите читатели поради кои успешно функционира и ја остварува целта – повеќе од 54.000 наслови со еден клик да стигнат до нивниот дом.
Националната установа Народен театар-Битола, Светскиот ден на театарот ќе го одбележи со изведба на претставата „Но(е)ва Македонија“, политичка сатира чиј текст и режија ги подготви Кокан Младеновиќ