Меѓу 400 вредни артефакти на изложбата во Археолошкиот музеј со која се одбележува еден век од откривањето на некрополата кај охридско Требениште, македонските граѓани може да ја видат во живо и златната маска која ја гледаат само насликана на банкнотите од 500 денари
Симон Киселички, фестивалот го опишува како посебна музичка авантура, чии концерти продолжуваат во уште неколку градови во државата
Во наредните три-четири години се очекува Прилеп да добие нов театар. До крајот на годинава треба да биде готов главниот проект, а од 2020 година да почне изградбата на нова театарска зграда во склопот на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Францускиот институт – Скопје денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира предавање за патописната книжевност со новинарот и писател Жан-Лук Коаталем и библиотекарот и историчар Рони Демеснер од Франција.
Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип заедно со библиотеката „Гоце Делчев“-Штип денеска го одбележаа 21 март, Светскиот ден на поезијата. Студенти, средношколци и ученици заедно пишуваа и рецитираа, а воедно беа дел од настанот „Плати кафе со поезија“
По повод 21 март, Светскиот ден на поезијата, локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ денеска во просториите на библиотеката организираа поетско читање, а подарија и книги на свои читатели
Дигитално реставрираните филмови „Црно семе“, „Јад“, „Оловна бригада“ и „Јазол“ на режисерот Кирил Ценевски денеска беа промовирани во ДВД, во издание на Кинотеката на Македонија
Во осум кафулиња во Скопје денеска се одржува акцијата „Плати со поезија“ организирана со брендот на кафе „Јилиус Мајнл“, традиционално на Светскиот ден на поезијата. Гостите што се напија кафе, го платија со напишани стихови
За мене како романски поет, овој легендарен венец е поважен од која било друга европска награда. И тоа не само затоа што е една од најстарите книжевни награди во светот, туку затоа што пораснав и станав поет под речиси митската аура на поетскиот фестивал крај струшкиот мост…
Во Сараево заврши снимањето на краткометражниот игран филм „The Sign“ на Елеонора Венинова, што ќе го отвори годинашното издание на „Cannes Directors’ Fortnight 2019“ (Quinzaine des réalisateurs