Околу 300 учесници со 15 групни и неколку поединечни маски од прилепските училишта денеска ја загреаја карневалската атмосфера во Прилеп на карневалот „Прочка 2019“.
Брачниот пар Кирил и Билјана Ахтарови од Струмица се избрани за принц и принцеза на синоќешниот традиционален маскенбал што се одржа во Хотелот „Сириус“.Тие вечер заедно со кралот и неговата свита ќе ја предводат поворката на Интернационалната карневалска вечер.
Годината што измина за сликарот Борис Петров од Гевгелија е многу значајна затоа што при крајот на 1958 година се случила неговата прва самостојна изложба и од тогаш до денес цели 60 години продолжил своите чувства да ги изразува на сликарското платно.
На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели, Моцарт, Бизе, Елгар.
Сојузот на композиторите наведува и дека со назначувањето на Андреевска, земјава е единствена застапена во Управниот одбор на Алијансата што не е членка на Европската Унија.
Делчевскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски освои прва награда на Интернационалниот фестивал на афоризам и карикатура „Струмица 2019“. Наградата од Домот за култура „Антон Панов“ на Ѓорѓијоски свечено ќе му биде врачена в понеделник за време на фестивалот.
Четири песни на поетот Атанас Чупоски од збирката „Der Wanderer“ се објавени на романски јазик во мартовскиот број на познатото списание за литература и култура „Хелис“ во Романија.
Уметникот Оливер Мусовиќ учествува на изложба во АЦЦ Галерија во Вајмар, на која од денеска до 19 мај ќе бидат претставени дела на уметници резиденти на 24. Интернационална студио програма во Вајмар во 2018 година.
Во рамки на изложбата „Македонската мода од минатото“ која од 25 февруари до 9 март е поставена во ТЦ „Сити мол“, вечер од 19.30 часот ќе има специјален настан – ревија „Моден времеплов на жената во Македонија од 19 до 21 век“.
Во Струмица вечерва беше промовирана „Стихозбирка“ – збирка од петте книги поезија на поетесата и сликарка Роза Мојсовска, штитеничка на Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“.