Во рамки на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“ денеска ќе бидат презентирани можностите кои за аудиовизуелниот сектор ги нуди „Медија“ – потпрограмата на „Креативна Европа“ на ЕУ, а утре ќе се одржи тркалезна маса „Нема успешна кинематографија без филмска критика“. Двата настана се од 11.30 часот во фоајето на кино „Фросина“.
Друштвото на филмски работници (ДФРМ) денеска ги соопшти добитниците на наградата „Златна рамка“ за филмски актер, филмски автор и филмски работник за 2019 година. Наградени се актерот Петар Мирчевски, Жаклина Крстевска – филмски костимограф и Петар Богоевски – легендарен филмски работник, осветлител. Церемонијата на доделување награди ќе се одржи утревечер во Клуб ресторанот на Младинскиот културен центар (МКЦ).
По светската премиера во официјалната селекција на Берлинскиот филмски фестивал на 10 февруари, новиот филм на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ македонската премиера ќе ја има на 15 март во кино „Милениум“.
Младата кореографка Адријана Данчевска, која е дел од уметничкиот тим на Скопје танцовиот театар, во Ротердам ја подготвува кратката кореографија „Скеч“.
Во Домот на културата “Лазар Софијанов” во Кратово денеска ќе биде отворена изложбата на фотографии „По трагите на св.Кирил и Методиј“.
Тридневната ревија „Златна рамка“ – македонски филмови реализирани во 2018 година со поддршка на Агенцијата за филм ќе почне денеска попладне во киното „Фросина“ со прикажување три документарни филма, по кои ќе следуваат и проекциите на пет кратки и еден долгометражен филм.
Браќата близнаци Тони и Емил Шулајковски ќе се претстават со изложба на слики насловена „LEVEL 50“ која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата „Акантус“. По 19 години тие повторно прават заедничка изложба за која повод е нивниот 50-ти роденден. Изложбата ќе има педесет дела – по 25 од двајцата уметници.
Книгата „Воздигање над облаци” составена од 163 есеи и раскази од авторот Ѓорѓи Филипов беше промовирана денеска во киното „Култура“ во Скопје.
Регионалната телевизија „Ал Џазира Балкан“ повикува автори и продуцентски куќи да учествуваат на вториот фестивал на документарен филм AJB DOC (Al Jazeera Balkans Documentary Film Festival), кој ќе се одржува во Сараево од 20 до 24 септември 2019.
Толеранцијата, соработката и разбирањето се гаранција за зачувување на т.н. мали јазици. Опасноста за нив не доаѓа од другите, исто така, мали јазици, туку од доминацијата на англискиот и другите т.н. големи или светски јазици, рече Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.