Книгата „Мартин Крпан – Дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија ќе биде промовирана вечер во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје.
На субјектите кои се пријавиле на годишните конкурси за поддршка на проекти од културата без целосна документација, во согласност со Законот за општата управна постапка им се дава можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите што имале формални недостатоци.
Заводот и Музеј-Битола со грант од Балканската музејска мрежа изработи 14 аудио снимки со нарација на македонски и англиски јазик и 14 видео снимки со интерпретација на знаковен јазик на текстови за 14 експонати од постојаната музејска поставка.
Немаме веќе простор, ниту милиметар, за да си ги нервираме најталентираните луѓе, децата кои живеат и работат тука и кои ни се единствената надеж да направиме нешто добро. Да се децентрализира моќта на министерот, да се воведе систем за правилен развој и негување на културните вредности, да се дефинираат критериуми и да има одговорност, порачаа културните работници, потписници на Иницијативата „Култура е насловна страна на секое општество“.
Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ денеска одбележува 69 години од постоењето или од првата театарската претстава „Кир Јања“ од од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Вечер од 19.30 часот ансамблот ќе го одбележи јубилејот со претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Горѓиевски.
Со претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски, вечер од 19:30 часот, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одбележи 69- годишнината од постоењето. Точно на денешен ден 1950 година е одиграна првата претстава на театарот – „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.
Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот „Моја љубов“ посветен на Денот на вљубените.
Српско народно позориште од Нови Сад вечер ќе гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Духот кој оди (Патот на Прометеј)“ од Дејан Дуковски во режија на Александар Поповски.
Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес лани имало вкупно 4.339 читатели, од кои 2.413 возрасни и 1.926 деца. Тоа е повеќе за 202 читатели, споредено со 2017 година, кога имало вкупно 4.137 читатели.
Премиерот Зоран Заев најави дека на денешната средба со министерот за култура Асаф Адеми ќе бидат разгледани жалбите за Годишниот конкурс за финансирање на проектите од областа на културата за 2019 година.