Турски театар-Скопје денеска ќе изведе две претстави – од 11 часот куклената претстава „Калифот Штрк“, а од 19 часот – претставата за младинци „Ана и Хана“.
Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ реагира на целосно укинатата финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ која пред неколку дена ги објави резултатите од конкурсот за финансирање фестивали.
Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.
Жири-комисиите составени од истакнати писатели, литературни критичари и есеисти ги донесоа одлуките за добитници на традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија за книжевната продукција во изминатата 2018 година.
Во издание на „Св. Ѓорѓи Полошки“ од Повардарската епархија објавена е книгата „Улогата на архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“ од проф. д-р Александар Атанасов, која е и негова докторска дисертација.
За новиот филм на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ закажани се осум проекции во 11-те дена на Берлиналето кое почнува вечер, а билетите се веќе распродадени. Официјалната премиера на првиот македонски долгометражен игран филм во натпреварувачката селекција во Берлин ќе биде в недела, 10 февруари, во 16 часот.
Песни од Стефан Марковски преведени на шпански јазик се објавени во Мексико, Перу и Шпанија.
Популарни музички теми – инструментални и вокални композиции од познати филмови ќе бидат на програмата на концертот што Македонската филхармонија ќе го одржи на 14 февруари, за Денот на вљубените, насловен „Моја љубов“.
Во глобалната поетска акција за свет без ѕидови овој месец во повеќе од 130 држави низ светот се одржуваат поетски настани сплотени со танц, музика, филм и театар.
Кога ќе ѕирнете во нејзината кујна ве опива мирисот на љубов изникната и прелеана врз делата на уметник која од безлична смеса приготвува плодови од природата: јаболка, модри сливи, круши, овошни купови, па шипки , сончогледи, но и булки, каранфили, трендафили…