Македонската опера и балет вечер и на 2 февруари (сабота) од 20 часот ќе ја изведе балетската претстава „Оревокршачка“, која на светските сцени е меѓу најпопуларните и најизведувани дела на музика на Петар Илич Чајковски.
Младиот пијанист Арда Мустафаоглу идниот месец ќе биде меѓу дванаесет пијанисти учесници на 18. Меѓународен пијанистички натпревар „Piano campus“ кој од 15 до 17 февруари ќе се одржува во Понтоаз, Франција.
На 28 јануари 1945 година гласот на Владо Малевски од Скадар со фразата „Ви зборува Радио Скопје“ прв пат се слушна во етерот на Радио Скопје на албански јазик. До 4 мај 1948 година Радио Скопје функционираше со прекини во емитувањето на програма на албански јазик, по што се вработени спикерките Параскиева Малевска и Нермине Кети.
Издавачката куќа „Прометеј“ од Нови Сад ја објави прозната книга „Каприча“ на нашиот писател Томислав Османли. Преводот од македонски е на Зоран Ж. Пауновиќ, веќе редовен соработник на српските изданија од книжевни творби на Османли.
Македонска опера и балет Ви ја најавува балетската претстава „Оревокршачка“ со две изведби во среда, 30.1 и сабота, 2.2.2019 со почеток во 20 часот.
„Македоника литера“ објави превод на македонски од книгата „Основите на будизмот: прашања и одговори“ од кинескиот автор Џао Пучу, која упатува и одговара речиси на сите прашања од будизмот во текот на изминатите 2500 години.
Проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља ќе биде македонскиот национален претставник на 58. Интернационална ликовна изложба во Венеција.
Битолскиот „Moving Music Theatre“, чиј основач и менаџер е Марјан Неќак ќе настапи во театарот МЕТА во германскиот град Минхен.
Центарот за култура-Битола во своето 3Д-Кино од вечер до 3 февруари ќе ја промовира македонската кинематографија.
„Бесмртност“ е насловен симфонискиот концерт на Македонската филхармонија в четврток од 20 часот, кој ќе биде посветен на творештвото на Лудвиг ван Бетовен. Диригент на концертот е Сашо Татарчевски.